Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Јужна Каролина воведува смртна казна со стрелaње

Јужна Каролина воведува смртна казна со стрелaње
300x250 opst2

Јужна Каролина воведува стрелачки вод во методите на егзекуција, во време кога има недостиг од смртоносни коктели за извршување на смртна казна со инјекции.

Долниот дом на парламентот на таа држава на американскиот југоисток во средата усвои закон со кој на осуденикот на смрт му се дава избор помеѓу стрелачки вод и електричен стол, ако нема смртоносни коктели за инјекции.

Законот треба да биде поддржан од горниот дом на парламентот, во кој има доволна поддршка.

Републиканскиот гувернер Хенри Мекмастер рече дека ќе го потпише нацрт-законот веднаш штом ќе му дојде на масата.

„Ние сме на чекор до обезбедување правда и завршен чин за семејствата на жртвите, што законот им ги дава“, рече гувернерот по гласањето во долниот дом на парламентот.

Јужна Каролина не извршуваше никакви егзекуции со децении, и одложи три поради недостиг на смртоносни коктели.

Во САД, бројот на смртни казни се намалува заради чувството на јавноста, како и зголемените проблеми во обезбедувањето состојки за смртоносни коктели.

Во 2020 година, вкупно 17 лица беа погубени во САД.

Можете да прочитате

Трамп одлучи: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО, дел ќе завршат во Украина

Трамп: Грета Тунберг има проблем со гневот – треба да посети лекар

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ