Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Јужна Австралија се затвора поради нагло зголемување на бројот на заразени

Јужна Австралија се затвора поради нагло зголемување на бројот на заразени
Img 7972

Властите на Јужна Австралија најавија воведување на шестдневно затворање поради брзото ширење на коронавирусот и зголемувањето на бројот на новозаразени.

Во последните 24 часа се евидентирани 22 нови случаи на Ковид-19, поради што се воведуваат мерки со кои ќе се ограничи движењето на граѓаните и работењето на деловните субјекти, објави премиерот на државата Јужна Австралија, Стивен Маршал, објави „Ројтерс“.

Шефот на јавната здравствена служба, Никола Суријер, изјави дека формата на вирусот што сега се појави е специфична поради „многу, многу краток период на инкубација“, поточно, ако некое лице дојде во контакт со вирусот, симптомите на „ковида-19“ ќе се појават за само 24 часа или помалку од моментот на инфекција.

За време на шестдневното затворање, на луѓето ќе им биде забрането да ги напуштаат своите домови, освен на едно лице по домаќинство на кое ќе му биде дозволено да оди на шопинг еднаш дневно.

Маските остануваат задолжителни, училиштата, рестораните за брза храна, кафулињата и универзитетите ќе бидат затворени, како и индустријата.

Установите за стари лица и лицата со посебни потреби исто така ќе бидат затворени, ќе бидат забранети свадби и погреби, како и физички активности на јавно место.

Нема нови случаи на Ковид-19 во Јужна Австралија од 31 октомври, а вкупно 551 случај се потврдени во оваа земја од почетокот на пандемијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите

Нобелова награда за медицина за тројца научници кои ја открија одбраната на телото од сопствена агресија