Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Јуве го собра целиот плен во Џенова, Пандев и другарите немоќни

Јуве го собра целиот плен во Џенова, Пандев и другарите немоќни
Dik 300x250 mk

Италијанскиот шампион Јувентус повторно се одлепи на 4 бода директниот конкурент, Лацио на врвот на табелата во Серија А.

Момците предводени од Маурицио Сари предмалку, со одлична игра во вторите 45 минути го скршија отпорот на екипата на Џенова која грчевито се бори за опстанок во елитното италијанско друштво.

Првите 45 минути поминаа без ниту еден удар кон голот на Јувентус, додека голманот на Џенова, Перин успешно се справуваше со Роналдо и соиграчите.

Во вторите 45 минути отпорот на домашните беше скршен, беа постигнати ревија убави погодоци.

Најпрво Дибала (50 минута), по една соло акција од десната страна биеше прецизно во спротивниот агол, за 0-1.

Се играше 57-та минута кога Роналдо со прекрасен удар од 20-тина метри постигна одличен гол, за водство на „Старата дама“ од 2-0.

Во 73 минута веќе беше 0-3. На работ на шеснаесетникот од десната страна, Диего Коста оставен небранет, со левата нога го погоди самиот горен агол на голот на Перин. Неодбранливо.

Следуваше намалување на водството на Јуве. Пинамонти во 76 минута бие силно и прецизно, под пречката од непосредна близина.

Само една минута подоцна, на негово место во игра влезе капитенот на Македонија, Горан Пандев кој до крајот на мечот немаше посериозна шанса за промена на резултатот.

Текстот Јуве го собра целиот плен во Џенова, Пандев и другарите немоќни е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион