Утрински Весник
Спорт

Јувентус ќе плати 35.000.000 евра за Ренан Лоди

Јувентус ќе плати 35.000.000 евра за Ренан Лоди

Јувентус најдоа замена за левиот бек Алекс Сандро. Од наредната сезона дресот на „старата дама“, ќе го носи Ренан Лоди.

„Elgoldigital.com“, објави дека тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, дал дозвола Лоди да го напушти клубот. За Бразилецот, Јувентус ќе плати 35.000.000 евра.

Според овој извор, на местото на Лоди во Атлетико ќе пристигне Маркос Алонсо од Челси.

Рена Лоди има 24 години, играч на Атлетико е од 2019 година. За неговиот трансфер од Атлетико Паранаенсе „јорганџиите“ платија 22.000.000 евра.

> Јувентус ќе плати 35.000.000 евра за Ренан Лоди <

Можете да прочитате

ФИФА планира Мундијал со 66 репрезентации

Билети за натпреварот Босна и Херцеговина – Македонија достапни преку платформата на ФФМ

Дисциплинска постапка против ФК Шкендија по инцидентите во финалето од Купот на Македонија