Утрински Весник
Спорт

Јувентус ќе го продолжи договорот со Дибала за приближно 12 милиони евра годишно

Дибала одлучил – останува во Јуве

Торино, 9 април 2020 (МИА) – Јувентус е близу до склучување нов договор со напаѓачот Пауло Дибала. Според „Calciomercato.com“, обновувањето на договорот е прашање само на време.

„Старата Дама“ ќе го зголеми предлогот за плата на Аргентинецот од 11 милиони евра годишно, заедно со бонусите на околу 12 милиони – тоа е токму она што го барал напаѓачот, чиј тековен договор се пресметува до јуни 2022 година.

Новиот договор ќе биде склучен до јуни 2024 или 2025 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп

Уапсени 12 и приведени 16 лица пред почетокот на финалето на Евролигата во Атина