Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Јувентус за малаку пари го продава Роналдо

Јувентус за малаку пари го продава Роналдо
300x250 opst2

Целосен ремонт во Јувентус, по завршувањето на сезоната, најавуваат италијанските медиуми. „Страта дама“, како стојат работите, по девет години ќе остане без титулата во Серија А, а веќе ги заврши и настапите во Лигата на шампионите.

По шокантната елиминација од Порто, во Лигата на шампионите, јавноста „удри“ по Кристијано Роналдо. Португалецот пристигна во Торино за да му помогне на клубот да го освои трофејот во Лигата на шампионите, меѓутоа оваа и минатата сезона Јувентус не успеа да мине подалеку од осмина-финалето.

Медиумите пишуваат дека со исклучок на Кијеза, голманот Шчесни, Де Лихт и Мекени, сите останати од тимот ќе можат да заминат доколку клубот добие добри понуди за нив.

„Кориере дело Спорт“, тврди дека прв клубот ќе го напушти Роналдо. Според овој извор, Јувентус за Роналдо би прифатиле цена не помала од 29 милиони евра.

Договорот на Португалецот со Јувентус истекува во јуни 2022 година, а досега клубот не му понудил нов договор.

Роналдо е играч на Јувентус од 2018 година. За црно-белите одиграл 112 натпревари, на кои постигнал 92 голови. Сезонава има учинок од 27 гола на 32 натпревари.

> Јувентус за малаку пари го продава Роналдо <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент