Утрински Весник
Спорт

Јувентус водеше па спасуваше бод против Сасуоло

Јувентус водеше па спасуваше бод против Сасуоло

Јувентус освои бод против Саусоло, натпреварот во Реџо Емилија заврши 3:3. Вечерва со Серија А Лацио ја продолжи лошата серија, 0:0 во Удине кај Удинезе, Фиорентина одигра за Џенова откако победи во Лече со 3:1, а Рома ја совлада Верона со 2:1.

Јувентус не успеа да го победи Саусоло иако по 12 минути игра имаше предност од 0:2. Данило го постигна првиот гол во петттата минута, а во седум минути подоцна гол постигна Игуаин по брилијантната асистенција на Пјаниќ.

Сасуло намали преку Ѓуричиќ во 29 минута.

Во вториот дел Сасуоло за 180 секунди направија пресврт. Берарди постигна гол за 2:2 во 51 минута, а во 54 минута Капуто му донесе предност на својот тим.

Бод за Јувентус спаси Алекс Сандро во 64 минута со својот прв гол оваа сезона.

До крајот на мечот Саусло имаа голема шанса преку Бога, но неговиот удар во 84 минута од гол-линијата го одбрани Алекс Сандро.

Јувентус е лидер со 77 бода, девет повеќе од Интер, но екипата на Антонио Конте утре игра кај СПАЛ и ќе може да ја намали предноста.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз

Шерифовски поразен на турнирот во џудо

Египќанка во седмиот месец од бременоста победи во меч во мечување