Утрински Весник
Македонија

ЈСП: Јавниот превоз утре од 5 до 9 часот и од 13 до 16 часот, но, по неделен возен ред

Автобусите од јавниот превоз утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – ЈСП соопшти дека утре (17 април) јавниот превоз ќе сообраќа во две смени, од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот, но, по неделен возен ред.

Пример за преглед, согласно неделен возен ред, линијата 5 почнува да сообраќа од 5.10 ч, па се реализираат сите термини се до последниот термин во 9 часот, односно 5.35 часот, 6 ч., 6.25 ч., 6.43 ч., 7.01 ч., 7.19 ч., 7.37 ч., 7.55 ч., 8.13 ч. и 8.31 ч., па продолжува 12.43 ч., како прв наведен термин од 13 ч., па 13.01 ч., 13.19 ч., 13.37 ч., 13.55 ч., 14.13 ч., 14.31 ч., 14.49 ч., и последен наведен пред 16 часот, 15.07 часот.

Дежурни утре ќе бидат две билетарници и еден центар за персонализација. Од 7.30 до 14 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и во Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар.

Услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто трафики и маркети, дел од секундарната продажна мрежа на ЈСП Скопје

Согласно одлуката на Владата за забрана на движење на сите граѓани во период од 16 часот во петок, па до 5 часот во вторник (21 април), јавниот превоз нема да функционира. Во истиот период затворени ќе бидат сите билетарници и центри за персонализација на ЈСП Скопје, стои во соопштението. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”