Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ЈСП: Неделен возен ред за празниците, жичарницата нема да работи само во понеделник

ЈСП: Неделен возен ред за празниците, жичарницата нема да работи само во понеделник
Img 7972

Од ЈСП Скопје соопштуваат дека по повод претстојните велигденски празници, возилата од јавниот превоз утре, петок (22.04.2022 год) ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 11, 11А, 18 А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 64А, 65А, 70, 74, 80А, 81, 118, 160 и 180 кои ќе возат по делничен возен ред.

Во сабота (23.04.2022 год), недела (24.04.2022 год) и понеделник (25.04.2022 год) автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Утре и во недела, од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.

Во сабота сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено, а понеделник е неработен ден за сите продажни места.

Жичарницата утре, во сабота и недела ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, а во понеделник нема да работи.

Линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) во понеделник нема да сообраќат, а во останатите празнични денови ќе возат по неделен возен ред.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја