Утрински Весник
Македонија

ЈП ПОЦ почна со редовно бележење на хоризонталната сигнализација на паркинзи во Општина Центар

ЈП ПОЦ почна со редовно бележење на хоризонталната сигнализација на паркинзи во Општина Центар

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје од денеска започнува со редовно бележење на хоризонтална сигнализација на паркинзите со кои стопанисува со цел полесно и попрегледно паркирање во општина Центар.

Од ЈП ПОЦ информираат дека ќе се започне со работа од Зона 01 и катната гаража „Судска палата“, а во текот на наредните неколку месеци ќе бидат одбележани сите паркинг места во останатите зони и затворени паркиралишта.

ЈП Паркинзи на Општина Центар апелира до жителите да имаат разбирање за наведените активности, бидејќи по завршување на бележењето на паркинг местата ќе се добие подобра и пофункционална организација на паркирањето и ќе можат да користат добро уредени и безбедни паркинг места. цр/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Крилото на Села преминува во опозиција

ВМРО-ДПМНЕ се збогува со Филип: Секогаш знаеше да даде сила и кога самиот беше уморен

Жерновски: Допрва ќе се видат врските меѓу Груевски и Мицкоски