Утрински Весник
Македонија

ЈП „Национални шуми”: Подготвени сме да ги преземеме сите обврски за управување со Осоговските Планини

ЈП „Национални шуми”: Подготвени сме да ги преземеме сите обврски за управување со Осоговските Планини

ЈП „Национални шуми” е подготвено да ги преземе сите обврски за управување со заштитеното подрачје на Осоговските Планини бидејќи располага со материјални и човечки ресурси кои се неопходни за спроведување на идните активности и процеси во заштитеното подрачје, велат од претпријатието.

Во оваа насока, ЈП„Национални шуми“ очекува да се зајакне соработката со Министрството за животна средина во полето на заштитата и унапредувањето на природата во Република Северна Македонија. Исто така, очекува искрена соработка и обезбедување на финансиска подршка од МЖСПП во сите чекори кои следат понатаму за успешно воспоставање и водење на заштитеното подрачје на Осоговските Планини.

Владата вчера на седница донесе одлука за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категоријата V заштитен предел со кој ќе управува Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми ЈП „Национални шуми”.

„Со оваа одлука се реализира долгогодишната заложба и непрекинати активности на Секторот за одгледување, подигање, екологија и лов при ЈП ‘Национални шуми’ во целиот овој процес. Секторот од самиот почеток беше вклучен во сите расправи, преговарања, договарања и носење одлуки во врска со голем број на прашања и проблеми од сите засегнати страни, кои произлегуваа во текот на самиот процес на прогласување.
Ова Одлука претставува голема одговорност и предизвик за нас како ЈП, но со тоа од друга страна се дава можност за отварање нови области за унапредување на нашето работење во насока на одржливо користење на ресурсите и подобрување на состојбата на теренот. Со интегрирано управување и одржливо користење на природните ресурси ќе се зачуваат и унапредат сите природни вредности, биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејсажните, пределните и другите природни убавини заради кои ова подрачје е прогласено за заштитен предел“, се вели во соопштението на ЈП „Национални шуми”.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме