Утрински Весник
Македонија

ЈП „Комуналец“ во Битола засади 20.000 цвеќиња

ЈП „Комуналец“ во Битола засади 20.000 цвеќиња

Битола, 28 мај 2020 (МИА)Екипи на ЈП „Комуналец“ во Битола засадија над 20.000 цвеќиња на различни  локации во градот.

Според градоначалничката Наташа Петровска, со новите цветни садници, Битола го промени својот лик и претставува цветен град.

Разубавувањето на градот е од пластениците на претпријатието, заштедени се еден милион денари и уште еднаш е потврдено домаќинското работење бидејќи порано цвеќето се набавувало со тендерски постапки, а овој пат исклучително е значајно да се каже дека цела количина на цвеќе која е засадена, е производство на ЈП „Комуналец“. Нивна намера е во периодот кој што следува, бројот на пластеници да расте, а тоа значи и раст на бројот на површини кои ќе бидат разубавени на ваков начин. Останува сите ние граѓаните, да го сочуваме сето ова што е убаво и оплеменето, истакна Петровска.

Од ЈП „Комуналец“ информираа дека секојдевно добиваат барања од граѓаните за уредување на нов простор и тоа ќе биде земено пред вид, посочи Панде Богоевски, директор на претпријатието.

 Цветниот расад го поставуваме на места каде што веќе функционира системот „капка по капка“, годинава поставен на сите локации каде што имаме нови цветни површини. Разгледуваме и дополнителни простори со дополнителни површини каде што ќе може да поставиме ваков систем, а потоа и да продолжиме со засадувања. Намерата ни е да го прошириме пластеничното производство и да направиме нова соработка со граѓаните, за да можат да подигнуваат цвеќиња во одредена количина од нашето претпријатие, појасни Богоевски.

Нови цветни површини во Битола оформени се во паркот кај Градскиот часовник, Безистенот, пред Центарот за култура, а на  Широк Сокак поставени се жардињери со сезонско цвеќе и канделабри декорирани со висечки саксии и соодветни цвеќиња.мт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кабинетот на Гаши демантира вмешаност на личното обезбедување

СДСМ: Министерката Кочовска ги омаловажи сите вработени во институциите

Реакција на ТАВ за инцидентот на скопскиот аеродром