Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Ја следиме состојбата со новозаразените, секој да биде одговорен

Спасовски: Компромис со Уставот нема, изборите треба да се одржат 60 дена од распуштање на Собранието

Штип, 27 мај 2020 (МИА) – Владата ја следи состојбата со новозаразените не само во Штип, туку и на ниво на цела држава. Спасовски истакна дека и денеска во Штип има зголемување на бројот на заразени, а смета дека секој од граѓаните во овие моменти треба да биде одговорен пред себе си.

-Мислам дека таа состојба дека во Штип нема заболени и нема да ни се случи на нас, предизвика многу опуштање во однесувањето, а таквото опуштање резултира со ваквиот начин. Значи и сопствениците на компаниите и вработените во компаниите и секој граѓанин треба да знае дека неможе да биде изолиран или да се однесува ноншалантно, притоа да не го штити своето здравје и здравјето на граѓаните, вели Спасовски.

Забележа дека институциите прават се, носејќи одлуки, спроведуваат мерки, даваат препораки, медиумите тоа го пренесуваат и работат активно за да се сочуваат животите и здравјето на граѓаните.

-Најмалку што можат да прават граѓаните е да ги почитуваат тие мерки, да носат заштитна опрема и да имаме социјална дистанца, вели Спасовски.вдј/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Два автомобили запалени во скопски Карпош

Од пациентка побарале 3.000 евра за итна операција на сопругот, сведоштво на трибина во Куманово

Малолетник тешко повреден по удар од автомобил