Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ќе соработува со „Пакомак“ и СОС Детско село

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ќе соработува со „Пакомак“ и СОС Детско село
300x250 opst2

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека има потпишано Меморандуми за соработка со Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Пакомак“ и со СОС Детско село со цел спроведување добри практики и поткревање на јавната свест за општествено одговорно однесување.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека во соработка со „Пакомак“ почнуваат кампања за подигнување на јавната свест за заштита на природните водни ресурси, односно заштита на животната средина воопшто.

-Преку екопораките аплицирани на сметките издадени од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје Ве повикуваме на совесно однесување и соодветно одлагање на отпадот, кој не треба да заврши во природата, стои во соопштението.

Од неодамна „Водовод и канализација“ – Скопје ја поддржува заложбата на СОС Детско село „Ниту едно дете не треба да расте само“.

– Уверени сме дека љубовта и грижата се неопходни за среќно и безгрижно детство, како што е водата за животот и затоа Ве повикуваме и Вас да ги поддржите оние на кои помошта им е најпотребна. Донирајте за децата без родителска грижа и оние во социјален ризик, за кои СОС Детско село се грижи, на следниот линк https://sos.org.mk/sos-superheroi/ или со следење на упатствата кои ќе ги добиете со додатокот на мартовската сметка, се вели во соопштението.

Граѓаните, исто така, со следење на упатствата во додатокот на мартовската сметка ќе имаат можност да се регистрираат како електронски корисник на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Електронскиот канал за наплата „Брзо плаќање“ на www.vodovod-skopje.com.mk, освен за домаќинствата, отсега е достапен и за правните лица. мд/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Оставен сомнителен куфер го испразни главниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и околните објекти

Тешка сообраќајка на патот Штип–Кочани: Едно лице загина, петмина повредени

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот