Утрински Весник
Македонија

Јорданов: ВМРО-ДПМНЕ инсистира на уште четири викенди без ДДВ

Јорданов: ВМРО-ДПМНЕ инсистира на уште четири викенди без ДДВ

Од ветените четири викенди без ДДВ во септември, власта работата ја сведеде на еден викенд без ДДВ со низа недостатоци, во октомври, и тоа откако ВМРО-ДПМНЕ направи притисок во јавноста, изјави Иван Јорданов, прeтставник од оваа партија.

„СДСМ немаше план да реализира викенд без ДДВ. Ја ветија мерката во септември и не ја реализираа. Потребен беше притисок од ВМРО-ДПМНЕ за да ја предвидат мерката, дури во октомври. На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, претставниците на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложат амандман во кој наместо еден, ќе се дополнат уште 4 викенди, по еден во месеците ноември и декември 2020 година, како и по еден викенд во јануари и февруари 2021 година“, посочи претставникот на опозициската партија, според кого на овој начин ќе се заштити здравјето на граѓаните и ќе нема турканици во продавниците, а истовремено ќе се зајакнува економијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нов пожар кај Стенковец, црн чад се шири кон Скопје

Голем пожар кај Милетино, во Скопје се чувствува чадот од огнот кај Чучер Сандево

Од Македонија до Лос Анџелес: „Приказната за Силјан“ со две номинации за Emmy Awards