Утрински Весник
Спорт

Јокиќ со трипл-дабл ги скрши Голден стејт, Дончиќ со 35 поени ја реши Јута

Јокиќ со трипл-дабл ги скрши Голден стејт, Дончиќ со 35 поени ја реши Јута

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ блескаа во новите победи на Денвер Нагетс и Далас Маверикс. Во директните дуели со екипите од врвот на Западната конференција, Јокиќ забележа трипл-дабл, а Дончиќ дабл-дабл.

Денвер го победија Голден Стејт со 131:124. Јокиќ блескаше со 18.трипл-дабл во сезоната. Актуелниот МВП забележа 32 поени, 15 скокови и 13 асистенции за 34 минути на теренот. Ова е втор трипл дабл за Јокиќ за помалку од 24 часа.

Вориорс во отсуство на Стеф Кари, Дрејмонд Грин и Клеј Томпсон ги предводеше Џордан Пул со 32 поени, два помалку постигна Мосе Муни.

Далас славеа над Јута 111:103. Дончиќ натпреварот го заврши со 35 поени, 16 скока и седум асистенции. Кај Јута се истакна Бојан Богдановиќ со 21 поен.



Резултати:

Детроит-Атланта 113:110
Филаделфија-Чикаго 121:106
Мајами-Хјустон 123:106
Минесота-Портланд 124:81
Сан Антонио-ЛА Лејкерс 117:110
Сакраменто-Њујорк 115:131

> Јокиќ со трипл-дабл ги скрши Голден стејт, Дончиќ со 35 поени ја реши Јута <

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027