Утрински Весник
Спорт

Јокиќ на 19 години: Не трчам, не скокам, само играм кошарка

Видео на кое минатогодишниот МВП на НБА лигата, Никола Јокиќ на свои 19 години објаснува колку едноставен спорт е кошарката, стана вирално во САД.

Во едно од неговите први интервјуа во САД, кога на 19 години беше дел од „Најк хуп самитот“ во Портланд, Јокиќ јасно ја кажува својата кошаркарска филозофија.

„Сите скокаат високо, јас не скокам, играм само кошарка 1-на-1, 2-на 2. Не трчам бргу исто така. Кошарката е за твоите соиграчи. Кога имам шанса шутирам, кога не, додавам. Играм кошарка, наједноставно што можам“, вели Јокиќ.

> Јокиќ на 19 години: Не трчам, не скокам, само играм кошарка <

Можете да прочитате

Лазаров повика 35 ракометари за подготовките за ЕП 2026

Љубослав Пенев се бори за живот

Почина легендарниот италијански тенисер Пјетрањели