Утрински Весник
Спорт

Јокиќ и Мареј „свиреа“ џез

Јокиќ и Мареј „свиреа“ џез
Dik 300x250 mk

Никола Јокиќ и Џамал Мареј одиграа натпревар за паметење против Јута Џез. Најдобрите играчи на Денвер Нагетс го предводеа својот тим до победата 115.107, со што Нагетс избегна елиминација. Јута во серијата води со 3:2.

Јокиќ одигра четвртина која долго ќе се прераскажува. Српскиот центар првиот период од натпреварот го заврши со 21 поен, не промаши ниту еден шут од поле. Јокиќ погоди пет тројки од исто толку обиди. На крајот мечот го заврши со 31 поен, шест скока и четири асистенции.

Џамал Мареј беше најефикасниот на натпреварот со 42 поени. Канаѓанецот од поле погоди 17 од 26 шутеви. Два дена претходно Мареј во поразот на Денвер постигна 50 поени.

Мареј стана првиот играч во историјата кој во плејофот на два последовни натпревари постигнал најмалку 40 поени без ниту една загубена топка.

Шестиот меч од оваа серија на програмата е во петок, а евентуалната мајсторка ќе се игра во недела.



> Јокиќ и Мареј „свиреа“ џез <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони