Еден од сериозните кандидати за МВП оваа сезона во НБА лигата – Србинот Никола Јокиќ чувствува болка во палецот од десната нога, па е под знак прашање за вечерашниот дуел на неговите Денвер Нагетс против Њујорк Никс.
Иако тренерот на Нагетси и порано истакнуваше дека разговарал со српскиот интернационалец за негова пауза поради одмор, сепак српскиот центар инсистирал да игра.
Интересно е дека Јокиќ одиграл 173 натпревари без пауза во низа, а последниот меч кој го пропуштил е оној од 7. април 2019 година.
Денвер има доста проблеми со повредени играчи, Џемал Мареј ја заврши сезоната откако ги скина лигаментите на коленото, додека помали повреди имаат и Монте Морис и Пи Џеј Дозир.
За потсетување, Денвер веќе обезбеди плсј-оф во НБА лигата.
> Јокиќ има мака со палецот на ногата – може да пропушти меч првпат по 2 години <