Утрински Весник
Спорт

Јокиќ ги однесе Денвер во конференциското полу-финале

Јокиќ ги однесе Денвер во конференциското полу-финале

Денвер Нагетс изборија пласман во полу-финалето, во Западната конференција. Нагетс, во шест натпревари ги елиминираа Портланд Трејлблејзерс. Шестиот меч Нагетс го добија со 126:115.

Денвер, предводени од Никола Јокиќ и Мајкл Портер јуниор, успеаја да победат и покрај тоа што во третата четвртина имаа минус од 14 поени.

Јокиќ, ја постигна клучната тројка на шест минути до крајот, со која го најави пресвртот. Српскиот центар мечот го заврши со 36 поени, осум скока и шест асистенции. Голема поддршка на Јокиќ му беа Портер со 26 и Монте Морис со 22 поени.

На спротивната страна, Демијан Лилард не успеа да ја повтори пертијата од петтиот меч кога постигна 55 поени. Лилард постигна 28 поени, со лош процент на реализација 8/20.

Денвер, во конференциското полу-финале, ќе играат против Финикс Санс.



> Јокиќ ги однесе Денвер во конференциското полу-финале <

Можете да прочитате

Косовските репрезентативци наградени со 500.000 евра пред дуелот со Турција

Вардар нема да наплаќа билети за дербито со ГРК Охрид

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција