Утрински Весник
Спорт

Јовиќ во Фиорентина

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ ќе го напушти Реал и ќе замине на едногодишна позајмица во Фиорентина, пренесува „Кориере дело спорт“. Откако шпанските новинари објавија за можениот трансфер на српскиот напаѓач, потврда стигна и од нивните италијански колеги.

Како што се наведува, Реал ќе го пушти Јовиќ бесплатно, а ќе му исплатат половина од годишната плата, односно три милиони евра, втората половина од платата ќе ја добива од Фиорентина.

Во италијанскиот клуб Јовиќ ќе се обиде да се врати во формата која пред три години му го овозможи трансферот од Ајнтрахт во реал вреден 60 милиони евра.

Српските репрезентативци Никола Миленковиќ, Матија Настасиќ и Алекса Терзиќ веќе го носат дресот на Фиорентина, а до јануари „виолетовата деветка“ ја носеше Душан Влаховиќ, пред да се пресели во Јувентус.

Јовиќ има само 24 години и се уште има време да го оправда својот голем голгетерски потенцијал.

> Јовиќ во Фиорентина <

Можете да прочитате

Рељиќ со бронзен медал на натпреварот Фуџарија Г-2 Опен во Емиратите 

Лазаров: Со максимален ангажман до пласман на Светското првенство

Трета европска титула за Данска