Утрински Весник
Македонија

Јовановски: Инвестираме во развој и унапредување на инфраструктурата во општина Чаир

Јовановски: Инвестираме во развој и унапредување на инфраструктурата во општина Чаир

Инвестираме во развој и унапредување на инфраструктурата во општина Чаир, изјави Милисав Јовановски, советник во Советот на општина Чаир.

Тој рече дека СДСМ како одговорна партија на локално и на централно ниво, постојано во континуитет работи на реконструкција и санација, како и на изградба на нова, модерна инфраструктура.

„На територијата на општина Чаир, во моментов се работи на реконструкција на улицата Џон Кенеди, екипи на Град Скопје интензивно си ја вршат својата работа, вршат реконструкција на оваа значајна сообраќајница како за територијата на општина Чаир така и за градот Скопје, на потегот од булеварот Македонско-косовска бригада до булеварот Христијан Тодоровски Карпош“, информира Јовановски.

Како што додаде, работите се одвиваат со полн интензитет на отстранување на рабниците кои се веќе оштетени, а ќе се прави и нивелација на постојните шахти и сливници, на должина од некаде 1.200 метри.

„Како финална работа ќе бидат направени велосипедски патеки во редот на веќе постојните на улиците Ќемал Сејфула и Втора македонска бригада и булеварите Христијан Тодоровски Карпош и Босна и Херцеговина. Ова ќе биде 5-та таква сообраќајница на која граѓаните ќе можат да користат велосипедска патека за побезбедно движење со своите велосипеди“, најави Јовановски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја