Утрински Весник
Македонија

ЈКП „Пролетер“-Ресен ги дезинфицира улиците во градот

ЈКП „Пролетер“-Ресен ги дезинфицира улиците во градот

Ресен, 25 март 2020 (МИА) – Јавното комунално претпријатие „Пролетер“-Ресен денеска продолжи со дезинфекција на улиците во Ресен и околината.

Дезинфекцијата со средството „натриум хипохлорид“ се вршеше на главните улици во Ресен, а ќе се врши и утре, информираа од тамошната локална самоуправа.

Општина Ресен апелира до сите жители на територијата на Преспа да останат дома и да не излегуваат без потреба, се со цел заштита на сопственото здравје, но и здравјето на другите сограѓани. мт/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Собранието усвои повеќе закони по скратена постапка, поминаа и измените за органодарителството

Лимани: Младите се наш највреден ресурс – заеднички да создадеме повеќе можности тие да останат дома

Усвоен е Законот за игри на среќа