Утрински Весник
Македонија

ЈЗУ Здравствен дом Велес: Пациентите да бидат искрени на прашања на здравствените работници

ЈЗУ Здравствен дом Велес: Пациентите да бидат искрени на прашања на здравствените работници

Велес 15 април 2020 (МИА) – Четири лица од Лабараторијата на ЈЗУ Здравствен дом Велес, се ставени во самоизолација поради контакти со лица при земање на крв во Лаборторија, а кои не биле искрени односно лажеле при давање на одговори на здравствените работници за тоа дака веќе имале контакти со заразени или сомнителни на Ковид-19.

Како што информира за МИА д-р Страхил Тодоров, портпарол на ЈЗУ Здравствен дом и апелира до сите пациенти кои се јавуваат за било каква медицинска помош во нивните служби да бидат искрени.

– Апелирам до сите нив да бидат искрени да не лажат кога нашите здравствени работници им поставуваат прашања за нивната здравствена состојба, како и за  претходни ризични контакти со луѓе кои се позитивни на Ковид-19 или со лица вратени од странство,кои спаѓаат во ризична група,потенцира д-р Тодоров.

Согласно препораките на Министерството за здравство, во оваа здравствена установа, кај Итната медициска помош уште од почетокот на вонредната состојба обезбедена е посебна просторија за прием на пациенти кои се сомнителни на Ковид-19, а со цел заштита на другите пациенти кои се во истиот момент во тој објект, како и превенција од ширење на заразата,информира др Тодоров. ад/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер