Утрински Весник
Свет

Јермак: Почна втората фаза од војната во Украина

Јермак: Почна втората фаза од војната во Украина

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак денеска изјави дека е започната втората фаза од војната, мислејќи на новиот напад на Русија на истокот на Украина.

Претходно денеска секретарот на украинскиот Совет за безбедност Алексеј Данилов изјави дека се чини дека Русија утринава ја започна очекуваната нова офанзива на истокот на Украина, пренесе „Ројтерс“.

„ Верувајте во нашата армија, таа е многу силна“, напиша Јермак на Телеграм, уверувајќи ги Украинците дека украинските сили можат да ја запрат руската офанзива.

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија