Во време на најтешките откупни сезони за тутунот, пратеникот Исмаил Јахоски најавува целосна поддршка за тутунарите и предлог за измена на постоечкиот закон за тутун и тутунски производи. Тој упати апел до фирмите да не манипулираат со маката на тутунарите и да го откупат тутунот по пазарната цена.
Тој ги потсетува надлежните во најбрз можен рок да најдат решение за проблемите на тутунарите. Според него, добар пример е решението со лозарите кога Владата донесе пакет итни мерки за откупот на грозје и даде поддршка за винарските визби.
Оваа година е проблематична во однос на откупот на тутун, а поради големото незадоволство се организираат протести. Годинешнава реколта изнесува околу 23 илјади тони.