Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Јасикевичиус: Не чувствувам притисок, само сум нестрплив!

Јасикевичиус: Не чувствувам притисок, само сум нестрплив!
300x250 opst2

Новиот тренер на КК Барселона, Литванецот Шарунас Јасикевичиус кој потпипа договор со клубот со 2023 година вели дека е нестрплив да почне со работа.

„Нестрплив сум, одвај чекам да почнам. Воглавно, на телефон договорив што ќе работам кога ќе дојдам во Шпанија и можам да кажам дека имаме големи амбиции. Притисок не чувствувам, затоа што доаѓам во еден од најголемите клубови во светот кој има фантастичен тим“ – вели Јасикевичиус.

Тој за разлика од неговиот претходник, Светислав Пешиќ кој имаше на располагање 41 милион евра, ќе може да смета на 33 милиони евра за екипата.

Своевремено Литванецот го носеше дресот на Барселона, а со екипата од Каталонија ја освои и Евролигата. Соиграчи му беа Хуан Карлос Наваро, По Гасол, Родриго Делафуете, Роберто Дуењас…

Засега Јасикевичиус не знае кои играчи ќе ги има во составот, но шпекулациите се дека блиску до дресот на Барса се Ник Калатес, Јан Весели, центарот на Фенербахче, Јуда Екпе, а најверните навивачи на тимот го живеат сонот дека во екипата би можел повторно да заигра и По Гасол.

Јасикевичиус ќе седне на клупата на Барселона

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН