Утрински Весник
Македонија

Караванот „Оствари го сонот“ во Желино, Стримница, Палатица, Шемшово и Копаница

Караванот „Оствари го сонот“ во Желино, Стримница, Палатица, Шемшово и Копаница

Кандидатот за премиер, Насер Зибери, со караванот „Оствари го твојот сон“ го започна своето патување од општина Желино, потоа ги посети околните села, Шемшово, Копаница и Палатица.

Зибери оствари средба со граѓаните од овој регион со кои разговараше за потребите и идеите на жителите од оваа област, презентирајќи им ги своите ставови и планови за првите 100 дена.

Меѓу другото, Зибери ја истакна важноста на ова патување, откривајќи им ја на граѓаните идејата за прв премиер Албанец, што претставува силен симбол на еднаквост, мултиетничка припадност и современа демократија, а исто така е и идеја за подобар живот за сите. Поради оваа причина
очекуваме поддршка не само од албанските граѓани, туку и поддршка од Македонците и другите етнички заедници, се наведува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Макрон и честита на Сиљановска-Давкова на македонски јазик

Касами: Од понеделник почеток на преговорите за формирање влада

Костадиновска-Стојчевска: Од Мајските оперски вечери научивме дека културата прави чуда