Утрински Весник
Магазин

„Јапонски Хари и Меган“: принцезата Мако ќе се омажи за своето момче Кеи

„Јапонски Хари и Меган“: принцезата Мако ќе се омажи за своето момче Кеи
300x250 (7)

На 26 октомври, внуката на јапонскиот император Нарухито конечно ќе се омажи за нејзиното долгогодишно момче.

Нивнaта веридба не помина без препреки, предизвикувајќи лавина незадоволство кај јавноста и медиумите во Јапонија.

300x250 (7)

Веридбата на принцезата Мако со Кеи Комуро, кој не е член на кралско семејство, беше сè освен непречено пловење. Тие го најавија својот план за венчавка во ноември 2018 година, но тоа беше одложено откако мајката на Комуро, наводно, била вовлечена во финансиски спор поврзан со пари што ги добила од поранешен свршеник. Се мислеше дека овие пари се искористени за финансирање на образованието на нејзиниот син.

Сега, по три години, датумот е одреден и јапонската принцеза Мако (29) ќе се омажи за нејзиниот поранешен соученик Кеи (29) овој месец – и ќе се откаже од нејзиниот кралски статус.

Совршен пар: младата, убава принцеза и нејзиниот свршеник, адвокат приправник (29) – за кого е подготвена да го жртвува својот царски статус.

Сега, по финансискиот скандал, медиумите го сменија својот тон и почнаа да ги нарекуваат јапонски Хари и Меган – со оглед на нивните планови да живеат во Америка откако ќе се венчаат. Нејзиниот иден сопруг најверојатно ќе работи во адвокатска фирма во Њујорк.

Комуро, кој неодамна се врати во Јапонија со диплома по право на Универзитетот Фордхам во Њујорк, стана лесен плен за таблоидите.

 

Ss1

Можете да прочитате

Мирисите што треба да ги избегнувате во собата ако сакате добар сон

Холивудската двојка ја прослави 36-годишнината од бракот: „Најдоброто допрва доаѓа“

Што може да предизвика утринска главоболка?