Утрински Весник
Свет

Јапонскиот лек против ковид во третата фаза на испитување

Јапонскиот лек против ковид во третата фаза на испитување

Јапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека ја започнала третата фаза на испитување на лекот „авиган“ за употреба кај пациенти со Ковид-19.

„Новото испитување е насочено кон пациенти во раната фаза на болеста Ковид-19 кои имаат фактори на ризик за прогресија на сериозни симптоми“, се вели во соопштението на „Фуџифилм“, пренесува „Ројтерс“.

Одобрувањето на употребата на овој лек против Ковид-19 во Јапонија беше одложено откако советот на Министерството за здравство објави во декември дека податоците од клиничките испитувања не се конечни.

 

Можете да прочитате

Вонредна состојба во Њујорк – 24info.mk

Уапсен поранешен британски дипломат поради блиски врски со Епстин

Калас: ЕУ не усвои нови санкции кон Русија и не одобри заем за Украина поради Унгарија