Утрински Весник
Спорт

Јапонска култура – напаѓач на Селтик собираше ѓубре откако беше заменет

Јапонска култура – напаѓач на Селтик собираше ѓубре откако беше заменет

Селтик доживеаја срамотен 0:4 пораз од Баер Леверкузен вчера во меч од Лига Европа, но барем еден нивни фудбалер, Кјого Фурухаши импресионираше со својата класа и своето однесување.

Јапонскиот напаѓач беше сменет од игра во 74. минута во првиот меч по интернационалната пауза, и наместо да седне на клупата и да покаже колку е незадоволен, Кјого прво аплаудираше на фановите на „Селтик парк“, по што почна да го собира ѓубрето од работ на теренот.

Ова не е првпат јапонските фудбалери да ја пренесат својата култура, откако на Светското првенство во Русија во 2018 година, ја оставија својата соблекувална почиста од стартот на мечот. Сличното се повтори на Азискиот куп следната година.

Не се работи само за фудбалерите, туку и за навивачите, кои спектакуларно ги оддржуваа чисти стадионите на Светското првенство во 2006 година.

> Јапонска култура – напаѓач на Селтик собираше ѓубре откако беше заменет <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина