Утрински Весник
Свет

Јапонската полиција призна пропусти во обезбедувањето на Абе

Имаше пропусти во обезбедувањето на поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе, кој беше убиен за време на предизборен митинг, изјави денеска началникот на локалната полиција Томоаки Онизука.

dobivaj vesti na viber

„Мислам дека е неспорно дека имало проблеми со мерките за обезбедување на поранешниот премиер Абе“, изјави на прес конференција началникот на полицијата на префектурата на градот Нара.

Тој вети дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за истрагата.

Сепак, Онизука не кажа за кои конкретни пропусти станува збор.

Абе беше застрелан од напаѓач за време на говор во Нара, по што бил пренесен во болница, каде што починал. Полицијата го привела напаѓачот, кој ја признал вината.

 

Можете да прочитате

Суд во Хаг ја прогласи за виновна жена што му дозволила на 14-годишниот син да стане дел од т.н. Исламска држава

Европската комисија подготвува дополнителни ограничувања за издавање шенгенски визи на руски државјани

Австралија заплени рекордни 100.000 илегални егзотични лебарки