Утрински Весник
Свет

Јапонија ќе ја испушти контаминираната вода од Фукушима во океанот

Јапонија ќе ја испушти контаминираната вода од Фукушима во океанот
Dik 300x250 mk

Јапонската влада донесе одлука да ја испушти контаминираната вода од уништената нуклеарната централа Фукушима во океанот, речиси една деценија по инцидентот во централата, објавија локалните медиуми.

Одлуката се очекува да предизвика реакција од соседните земји, пред сè Јужна Кореја, која веќе го тестира зрачењето на храната од Јапонија, пренесува „Ројтерс“.

Загадената вода во централата е долгогодишен проблем на Јапонија, а повеќе од еден милион тони течност се наоѓаат во резервоари.

Нуклеарната централа Фукушима беше оштетена по разорниот земјотрес и цунамито во 2011 година.

Јапонскиот министер за индустрија Хироши Каџијама изјави дека конечната одлука сè уште не е донесена, но дека владата ќе ја донесе брзо.

Весникот „Асахи“ објави дека ќе бидат потребни околу две години за да се спроведе ваквата одлука, бидејќи контаминираната вода мора да се филтрира пред конечно да се испушти во морето, односно во океанот.

Компанијата „Токио електрик“ се извини пред две години откако беше утврдено дека нивниот систем за филтрирање не ги отстранува сите опасни материи од водата, како и дека планира да ги отстрани сите радиоактивни делови од водата освен тритиумот, кој е тешко да се оддели и е релативно безопасен.

Во меѓувреме, Јужна Кореја забрани увоз на морска храна од регионот Фукушима и побара од јапонскиот претставник во амбасадата во Сеул да објасни како Токио планира да го реши проблемот со водата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран предупредува дека пресушуваат резервоарите со вода, можна евакуација на Техеран

Дронови и ракети ја погодија електричната и грејната инфраструктура во Русија и Украина

Земјотресот во Јапонија предизвика мало цунами без сериозни последици