Утрински Весник
Спорт

Јапонија ќе игра на СП – „Самураите“ во финишот ја скршија Австрлија

Јапонија ќе игра на СП – „Самураите“ во финишот ја скршија Австрлија

Јапонија забележа голема победа во Австралија (2:0) и обезбеди пласман на Светското првенство во Катар. Од Б-групата, покрај Јапонија, на СП ќе игра и Саудиска Арабија.

Јапонците доминираа против Австралија, откако не искористија три големи шанси и два пати ја погодија гредата, противникот го скршија во завршницата.

Напаѓачот на водечкиот тим во Белгија, Ројал Унион, Каоуру Митоми е херојот на нацијата. Митоми влезе во игра во 84.минута, а пет минути подоцна прецизно ја заврши одличната тимска акција на Јапонците. Во 93.минута Митоми со својот втор гол стави точка на натпреварот.

> Јапонија ќе игра на СП – „Самураите“ во финишот ја скршија Австрлија <

Можете да прочитате

Легендарниот аргентински бек стави крај на репрезентативната кариера

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен

Бекам заработи 25 милиони долари за време на Светското првенство во 2026 година, Шакира 20, Бибер 16 милиони долари