Утрински Весник
Економија

Јапонија ја прошири листата на санкции против Русија

Министерството за надворешни работи на Јапонија денеска објави проширена листа на нови санкции кои претходно ги објави јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Санкциите, кои предвидуваат замрзнување на имотот, погодија повеќе од 130 лица, меѓу кои и рускиот премиер Михаил Мишустин, заменик-секретарот на Советот за безбедност Рашид Нургалиев и лидерите на самопрогласените ЛНР и ДНР, пренесе ТАСС.

Јапонија, исто така, воведе дополнителни извозни санкции и ја прошири листата на компании за кои верува дека се поврзани со одбранбената индустрија.

Можете да прочитате

Цените на нафтата се намалија

Филипче: Додека цените растат, Мицкоски слави 50 години ЕПП на трошок на граѓаните

Синдикалната кошничка во март изнесува 67.818 денари