Утрински Весник
Свет

Јапонија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца постари од 12 години

Единствен начин да се отворат училиштата: Германија наскоро ќе ги вакцинира учениците

Јапонското регулаторно тело за здравство ја одобри употребата на вакцината против Ковид-19 на „Фајзер“ за деца постари од 12 години, потврди денеска претставник на Министерството за здравство.

Овој потег, со кој се намалува сегашниот праг на имунизација од 16 години во Јапонија, следуваше по одобрувањето во САД и во други земји овој месец со што се овозможува употреба на вакцината на „Фајзер“ кај адолесцентите, пренесува „Ројтерс“.

Американската компанија „Фајзер“ во средата објави дека таа и нејзиниот партнер „Бионтек“ започнале со тестирање на вакцината против Ковид-19 кај деца под 12-годишна возраст и дека се надеваат дека ќе ја прошират имунизацијата на таа возраст до почетокот на 2022 година.

Можете да прочитате

Вонредна состојба во Њујорк – 24info.mk

Уапсен поранешен британски дипломат поради блиски врски со Епстин

Калас: ЕУ не усвои нови санкции кон Русија и не одобри заем за Украина поради Унгарија