Утрински Весник
Свет

Јапонија одбележа 76 години од атомската бомба во Нагасаки

Јапонија одбележа 76 години од атомската бомба во Нагасаки
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Нагасаки се сеќава на жртвите од американската атомска бомба фрлена врз тој јапонски град пред 76 години.

По тој повод, градоначалникот Томихиша Таује укажа на зголемената закана од новата трка во нуклеарно вооружување.

„Јапонија, единствената земја во светот која досега беше жртва на атомски бомби, мора да стори повеќе за да обезбеди свет без такво оружје“, рече Таује. Тој повторно ја повика јапонската влада да се приклучи на договорот на Обединетите нации од 2017 година, со кој се забранува нуклеарно оружје.

Се едноминутно молчење во 11:02 часот се одбележа точниот момент кога на 9 август 1945 година беше фрлена бомбата врз тој град. Само во Нагасаки веднаш загинале 70.000 луѓе, а повредени биле околу 75.000.

Три дена претходно, САД веќе ја фрлиле првата атомска бомба врз Хирошима. Јапонија конечно се предаде на 15 август 1945 година.

Градоначалникот на Хирошима побара да се одржи и минута молчење на Олимписките игри во Токио, но Меѓународниот олимписки комитет го одби барањето.

Можете да прочитате

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно

Екстремен студ на северот од Русија и Канада, затворени се училишта и градинки

Поплави во Шпанија, има мртви и исчезнати