Утрински Весник
Економија

Јапонија е подготвена да ѝ одобри заем од 100 милиони долари на Украина

Јапонија е подготвена да ѝ одобри заем од 100 милиони долари на Украина

Јапонија е подготвена да одобри итни заеми од најмалку 100 милиони долари за Украина, му рекол јапонскиот премиер Фумио Кишида на украинскиот претседател Володимир Зеленски, се наведува во соопштението на јапонската влада за нивниот телефонски разговор.

Понудата доаѓа во време кога Русија распореди повеќе од 100.000 војници во близина на границата со Украина, што ги поттикнува стравувањата од војна и негативно влијае врз украинската економија, иако Москва негира дека планира инвазија и го обвинува западот за ширење хистерија.

Кишида, исто така, рекол дека Јапонија планира да преземе соодветни чекори, вклучително и можни санкции, доколку Русија ја нападне Украина.

Можете да прочитате

ПИОМ: Пензии редовно се исплаќаат и ќе се исплаќаат

Филипче: Зошто власта купува скапа струја за 140 евра наместо да произведува за 85 евра

Левица: Енергетска политика на „варена жаба” ја турка државата во сиромаштија