Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Јапонија го повика Бајден да го поддржи Тајван

Јапонија го повика Бајден да го поддржи Тајван
Img 7972

Јапонскиот службеник за одбрана Јасухиде Накајама го повика новоизбраниот американски претседател Џо Бајден да му даде силна поддршка на Тајван.

Како што изјави, Бајден треба да го поддржи Тајван од агресивната Кина, нарекувајќи ја безбедноста на островот црвена линија.

„Ние сме загрижени дека Кина ќе го прошири својот агресивен став и во други области освен Хонгконг. Мислам дека една од следните цели или она што сите ги загрижува е Тајван”, изјави државниот секретар Накајама за „Ројтерс“. Тој го повика Бајден да заземе сличен став кон Тајван како претседателот во заминување Доналд Трамп, кој значително ја охрабри продажбата на воена опрема на островот и го зголеми ангажманот.

Ангажманот на Јапонија со Тајван исто така напредуваше во последниве години, главно на невладина основа. Токио ја почитува политиката на „една Кина“, деликатно балансирајќи ги своите односи со соседниот гигант Кина и својот долгогодишен воен сојузник во Вашингтон.

Јапонија ги дели стратешките интереси со Тајван, кој се наоѓа на морските патишта низ кои тече голем дел од јапонската набавка и трговија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хакерските групи ја засилуваат кибер шпионажата во ЕУ

Мажот кој пукаше во Минхен остави порака дека поставил бомба на Октоберфест

Се менува системот за влез во ЕУ – по идната недела нови правила на границите