Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Јанша: Русија врши етничко чистење во Украина

Јанша: Русија врши етничко чистење во Украина
Img 7972

Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави дека некои акции на руската армија во агресијата против Украина го потсетуваат на етничко чистење.

„ Она што се случува во Украина не е само војна, туку етничко чистење на украинските градови долж Црното Море“, рече Јанша во парламентот, одговарајќи на пратеничко прашање за војната на Путин и ги спореди акциите на руската армија во кампањата во Мариупол со ситуацијата во БиХ под опсада на неколку градови, по што беше проследено со етничко чистење.

„ Војната во Украина ќе заврши кога таа земја сама со помошта што ја добива ќе биде доволно силна да ја запре пенетрацијата на руските војници“, рече словенечкиот премиер, додавајќи дека дури тогаш ќе започнат вистински, сериозни преговори.

Според него, токму затоа на Украина и е потребна помош во отпорот. Украинците всушност се борат за безбедноста и просперитетот на цела Европа, додаде тој.

Можете да прочитате

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир