Утрински Весник
Македонија

„Јанчев: „Дрекслмаер“ ги има преземено потребните мерки за превенција од коронавирус

„Јанчев: „Дрекслмаер“ ги има преземено потребните мерки за превенција од коронавирус

Кавадарци, 17 март 2020 (МИА) – „Дрекслмаер“ како најголем работодавач во земјава  ги има преземено потребните мерки за превенција од коронавирус, информираше на прес-конференција градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Запрашан како оди заштитата на околу пет илјади вработени во фабриката, кои доаѓаат од неколку општини, Јанчев изјави дека „Дрекслмаер“ како најголем работодавач во нашата земја е сериозна германска компанија и има преземено превентивни мерки за заштита од коронавирус.

– Како што сум информиран, во  делот на превозот, двојно е зголемен бројот на превозни средства. Тоа практично значи дека при превозот, до секој вработен треба да има празно седиште. Има дезинфициент при влез и излез од автобус. При влез во фабрика се дезинфицираат обувки и дланки. Од денеска имаат воведено и сонда за мерење на температура на самите луѓе. Во производствениот погон имаат распоред за поголемо растојание помеѓу вработените, рече градоначалникот Јанчев.

Јанчев информира дека претставници на компанијата во изминатите денови биле во општината, се грижеле за се што треба, преземале мерки, со желба целата оваа ситуација да се надмине што побрзо.

-Се немаат спротивставено ниту на една мерка која е донесена од Владата и општината. Сите мерки ги почитуваат, во интерес на граѓаните, нагласи градоначалникот на Кавадарци. свд/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведен крадец баран со потерница

ВМРО – ДПМНЕ: Во МЕПСО направена 14 милиони евра штета долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери

115 санкционирани возачи во Скопје