Утрински Весник
Македонија

Јанушев: 640 милиони евра субвенции и загарантиран откуп за земјоделците

Јанушев: 640 милиони евра субвенции и загарантиран откуп за земјоделците

Скопје, 28 јуни 2020 (МИА) – Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 3, Игор Јанушев денеска беше во посета на Берово каде што истакна дека во овие три години власта во Македонија донесе живот само за неколкумина од врвот и владееше со уцени, криминал и закани.

Јанушев потенцираше дека како на централно ниво со истиот начин СДСМ со криминал и уцени владеел и на локално ниво во Берово, „како што се заканите во Македонски шуми, но и со лаги како што ветуваа нов граничен премин Клепало“, но не го оствариле.

Тој додаде дека токму заради таквите закани, уцени и криминали после 15 јули сите што се огрешиле пред законите ќе одговараат и тоа во првите шест месеци, а заедно со тоа ќе следи обнова на Македонија во секој сегмент.

– Заедно ќе ја исправиме Македонија и ќе одбереме обнова, поради тоа што секој еден од нас е важен, рече Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе повисоки плати за 25%, повисоки пензии за 20%, ќе ја намали невработеноста во Македонија под 10%, ќе реконструира повеќе од илјада километри патишта и се обврзува на 640 милиони евра субвенции и загарантиран откуп за земјоделците.

За сето тоа да се оствари, како што потенцира тој, потребна е масовност на 15 јули. ев/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”