Утрински Весник
Политички Партии

Јанушев, носителот на листа од ИЕ 3 на ВМРО-ДПМНЕ, предизборната кампања ја започна со панихида во соборната црква „Св. Пантелејмон“ во родниот Велес

Јанушев, носителот на листа од ИЕ 3 на ВМРО-ДПМНЕ, предизборната кампања ја започна со панихида во соборната црква „Св. Пантелејмон“ во родниот Велес

 

Велес, 25 јуни 2020 (МИА) –  Игор Јанушев, носителот на листа во ИЕ 3 од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните вонредни парламентарни избори, денеска со панихида во сослужение на свештеници од Епархијата Повардарска во црквата „Св. Пантелејмон“ во Велес ја започна предизборната кампања. Тој рече дека за време на целата кампања цело време ќе бидат меѓу народот за да може што подобро да се претстават со програмата „Проект обнова“ и апелира до сите граѓани  да се придржуваат кон мерките за носење на маски и одржување дистанца.

-Една од можеби столбовите и една од најбитните работи во програмата е ветувањето пред граѓаните дека во четиригодишниот мандат ќе овозможиме четири милијарди евра домашни и странски инвестиции. Тоа секако ќе бара многу работа и многу труд, но од тоа не се плашиме. Располагаме со кадар и со луѓе и знаеме како да го направиме тоа и ќе го направиме, рече Јанушев.

Нивната програма, нагласи, ќе понуди надеж, извесност и иднина за сите.

-Го нудиме тоа преку зголемувањето на платите и пензиите, преку инфраструктурната изградба на државата, преку конечно ставање на ред, што беше камен на сопнување на сите претходни влади, а тоа е вистинска реформа во правосудството и реформа во сите останати сектори: образованието, здравството и се што е битно за сите луѓе кои живеат  во Република Македонија. Тука се и земјоделците, културните работници, спортистите за сите нив имаме издвоено огромен број на проекти. Средства за културата и спортистите, зголемување на пензиите за 20 проценти, бесплатен приклучок на гасификацијата за секое домаќинство. Нашата  кампања  ќе даде повеќе за секого и ќе се обидеме да убедиме што е можно повеќе да ни ја дадат подршката, потенцира Јанушев.

За Велес ако победат вети мнгоу проекти во интерес на сите граѓани, а пред се развој на економијата која, како што рече, е нивниот столб.

-Тоа што е битно за Велес е инфраструктурата, а значаен проект е поврзувањето на Велес преку Прилеп и Битола со грчката граница. Исто така, многу битно е поврзувањето со Коридорот 8  и конечно завршување на експресните патишта кои во изминатите три години останаа на истото ниво на кое беа пред три-четири години. Тоа што можам да го ветам пред велешани е еден чесен, искрен и директен пристап при што се тоа што ќе го ветиме пред граѓаните и ќе го исполниме во следните четири години, најави Јанушев.

Како една од главните задачи да ги задржат младите да не ја напуштаа земјата, како што рече, ќе им биде целосна реформа во образованието, најпрво преку зголемувањето на платите на тие што се вклучени во образовниот процес за да бидат многу помотивирани да го пренесат знаењето на учениците.

-На тој начин ќе направиме образовен процес каде што секој еден млад човек ќе сака да се образува тука и да остане во Република Македонија. Покрај тоа, персоналниот данок на доход ќе биде нула проценти за вработување на млади лица, истакна Јанушев.

Во одговор на новинарско прашање рече дека не очекува фер и демократска кампања, особено од Заев и СДСМ, бидејќи, појасни, кампањата ја започнале со фрлање бомба на имот на нивниот потпретседател на партијата Мисајловски.

Тој денеска оствари средби во некои од фирмите во Велес, а ќе има и средби со стопанствениците, како и средби со граѓаните „Од врата на врата“. Вечерва во 20 часот ќе има средба со граѓаните на Којник. ад/вј/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт