Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Јанг и Санчез беа стрелци, Интер ја демолираше Бреша

Јанг и Санчез беа стрелци, Интер ја демолираше Бреша (видео)
300x250 opst2

 

Интер стигна до убедлива 6:0 победа над „фенерџијата“ Бреша, триумф обезбеден уште во првото полувреме од двајца поранешни фудбалери на Манчестер јунајтед, Ешли Јанг и Алексис Санчез.

Уште во петтата минута на „Сан Сиро“, Санчез фантастично му нафрли на Јанг, кој со фантастичен удар го совлада Џеси Јоронен. Во 20. минута од мечот, дојде ред на Санчез, кој беше прецизен од белата точка, пред Данило Д’Амброзио на асистенција на Јанг да зголеми на 3:0. Роберто Гаљардини во 52. минута зголеми на 4:0, за во 85. минута нововлезениот Кристијан Ериксен да зголеми на 5:0, пред и Антонио Кандрева да се запише во листата на стрелците во 88. минута.

Во дуел од средината на табелата пак, Болоња одигра 1:1 со Каљари. Домаќините дојдоа во водство во 45. минута од мечот преку Муса Бероу, пред Џовани Симеоне да израмни на самиот почеток на второто полувреме.

Текстот Јанг и Санчез беа стрелци, Интер ја демолираше Бреша е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг