Крива Паланка, 27 јуни 2020 (МИА) – Локаланта самоуправа на општина Крива Паланка од понеделник ќе спороведе јавна анкета за презентација на деталниот урбанистички план за дел од трасата на железничката пруга кон Република Бугарија.
Јавна анкета и јавна презентација ќе бидат спроведени согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање на предлог деталнито урбанистички план за блок 1-Д во општината.
-Јавната анкета ќе се одржи од понеделник, 29 јуни, заклучно со 8 јули 2020 година, секој работен ден до 15 часот и 30 минути во просториите на Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при локалната самоуправа. Предлог деталниот урбанистички план за блок 1-Д во Крива Паланка е изложен и на информативните табли на општината, во информацискиот систем е-урбанизам и во просториите на општината , а планирана е и јавна презентација за истиот план, што ќе се одржи на 3 јули 2020 година, со почеток во 12 часот, во големата сала на општина Крива Паланка, посочуваат од службата за комуникација со јавнот на Општина Крива Паланка.
Површината на опфатот изнесува 16,19 хектари, а ДУП-от се протега од вливот на долот во т.н. Спротивска маала покрај Крива Река се до вливот на долот во реката.
Анкетните листови за учество во јавната анкета се наоѓаат во архивата на општината Крива Паланка и во горенаведениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават писмени забелешки преку анкетните листови.ид/са/