Утрински Весник
Економија

Јавен повик за користење средства за проекти во рамки на Декадата и Стратегијата за Ромите

Јавен повик за користење средства за проекти во рамки на Декадата и Стратегијата за Ромите

Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за поднесување на барања од страна на локалните самоуправи за користење на средства од Буџетот на министерството за 2022 година за поддршка на проекти во рамки на Декадата и Стратегијата за Ромите.

За реализација на проекти од оваа програма, во Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2022 година се предвидени 20 милиони денари. Општините имаат можност да аплицираат за финансирање на проекти во делот на водоводи, канализации, тротоари, потпорни ѕидови и улици со максимален износ до 4 милиони денари по проект.

Распределбата на средствата ќе се врши според:

– Број на жители припадници на Ромската етничка заедница во единиците на локална самоуправа;

– Вид на проект

– Процент на обезбедени сопствени финансиски средства за реализација на проектот во однос на вкупната инвестициона вредност на проектот;

– Опфатеност/покриеност на Ромско население во целното подрачје со резултатите на предлог-проектот.

Крајниот рок за аплицирање е 17.03.2022 година.

Можете да прочитате

Почесна диплома за Светозар Јаневски од Меѓународната федерација на вински братства за значајни достигнувања во винската индустрија

Мицкоски повика архитекти, градежни и машински инжинери да се пријават и ќе бидат вработени

Цените на угостителските услуги се зголемија