Утрински Весник
Спорт

Ѕвездите на Баерн по шокантинот пораз: На вакви тимови им даваме по пет гола

Ѕвездите на Баерн по шокантинот пораз: На вакви тимови им даваме по пет гола

Аугсбург, синоќа, приреди вистинска сензација во Бундес лигата. Во 12.коло, Аугсбург го победи фаворизираниот Баерн Минехн со 2:1. Ова е втор пораз за Баерн во првите 12 рунди во Бундес лигата.

Баерн и покрај поразот од Аугзбург ќе остане лидер на табелата и по ова коло, меѓутоа Борусија Дортмунд со евентулана победа ќе му се доближи на бод негатива.

Разочарувањето по поразот од локалниот ривал е големо во таборот на Баварците.

„Вакви тимови мораме да победуваме. Подобри сме од нив. Не бевме на потребното ниво во првото полувреме, не бевме активни, не бевме храбри да тргнеме напред. Ми загрижува што не создававме шанси. Вообичаено против вакви противници постигнуваме по пет голови“, рекол по мечот капитенот на Баерн, Мануел Ноер.

„Ова е сериозен удар за нас“, изјавил рекодерот Томас Милер.

Тој е првиот со 600 натпревари за Баерн, а да не е голман.

> Ѕвездите на Баерн по шокантинот пораз: На вакви тимови им даваме по пет гола <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал