Утрински Весник
Магазин

Ѕвездата од „Пријатели“ ја продала куќата поради духови

Ѕвездата од „Пријатели“ ја продала куќата поради духови

Актерката Кортни Кокс, која се прослави со улогата на Моника во серијата „Пријатели“, призна дека одлучила да ја продаде куќата бидејќи голем број луѓе и’ кажале дека во неа има духови.

Кортни гостуваше во шоуто на Џими Кимел и раскажа што точно се случило.

„Дојде кај мене стариот сопственик на куќата и ми кажа дека таму се случил развод кој завршил многу лошо и во куќата има дух. Си помислив: ‘Аха, сигурно’. Но, други луѓе кои беа во таа куќа, моите пријатели, ми кажаа дека сретнале жена која седела на работ од креветот“, изјави актерката.

Иако не им верувала, не останала рамнодушна на нивните тврдења. Набрзо нејзиното мислење се променило кога поштарот и заѕвонил на вратата.

„Еден ден бев во куќата, навистина не верував во тие паранормални работи. Слушнав дека некој ме вика. Тоа беше поштар. Ја отворив вратата и тој одеднаш рече: ‘Дали знаеш дека оваа куќа е опседната?’ Реков: ‘Да, зошто? Зошто мислиш така?’ Тој потоа покажа со прстот зад мене и рече: ‘Затоа што некој стои зад тебе’. Тоа беше моментот кога реков дека ќе ја продадам и таа куќа“, раскажа таа.

Корни истакнала дека после тоа не успевала да заспие сама во таа куќа, а набргу по инцидентот ги спакувала работите и се преселила.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста