Утрински Весник
Свет

Ѓукановиќ им честиташе на Албанија и Македонија: Ова е одлична вест за регионот и Европа

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, на Твитер го поздрави отворањето на преговорите за членство во ЕУ со Албанија и Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Ѓукановиќ истакна дека ова е одлична вест за регионот и за Европа и дека е чекор поблиску до европското семејство за Западен Балкан.

„Честитки до соседите и пријателите. Европа е нашиот безбеден дом во кој ќе се почитуваат и штитат сите наши различности и особености“, рече Ѓукановиќ.

Денеска Европската Унија официјално ги отвори пристапните преговори со овие две земји, изјави претходно претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

Можете да прочитате

Иран се закани дека ќе ја блокира Ормуската теснина откако Трамп најави нови напади

Ле Пен најави дека ќе се кандидира за претседателка на Франција

Трамп: Русија и Украина ќе постигнат договор, се надевам на брза средба меѓу Путин и Зеленски