Утрински Весник
Македонија

Ѓорге Иванов: Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство

Поранешниот македонски претседател – Ѓорге Иванов повика да се отфрли францускиот предлог за кој смета дека е дел од подли игри за разнебитување на Македонија.

„Како поранешен претседател, кој 10 години беше сведок и силен противник на сите подли игри за разнебитувањето на Република Македонија, повикувам на отфрлање на францускиот предлог. Со вакво `решение` Република Македонија ќе биде втурната во правна, политичка и историска бездна. Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство. Човечкото достоинство и стекнатите права се црвените линии кои не смее да се преминат. За нив не се разговара и не се преговара. Непокорот е единствениот излез. Одбраната на Македонија е обврска на секој од нас. Да живее Република Македонија!“ – напиша Иванов на Фејсбук.

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО спрема враќање на Груевски, Мицкоски е чувар на фотелјата 

Трендафилов: Пратениците нека дојдат пеш, како и работниците

Томовски: Точно е дека недостасувало храна и пијалоци во владините бифеа